Авион на индиската воздухопловна компанија „Air India“ кој летал кон Лондон со 242 патници се урна во четвртокот неколку минути по полетувањето од западниот индиски град Ахмадабад, соопштија полицијата и авиокомпанијата, без да прецизираат дали имало жртви.

Конечната дестинација на авионот бил британскиот аеродром „Гетвик“, соопшти „Air India“, а полицијата објави дека авионот се урнал недалеку од аеродромот.

Веб-страницата за следење на летови Flightradar24 соопшти дека станува збор за „Boeing 787-8 Dreamliner“,еден од најмодерните патнички авиони за долги летови во светот.

„Моментално ги утврдуваме деталите и ќе споделиме дополнителни информации“, напиша „Air India“ на X.

Во авионот имало 169 индиски државјани, 53 британски државјани, 7 португалски државјани и 1 канадски државјанин, објави компанијата.

Несреќата се случила набрзо по полетувањето, објавија телевизиските канали. Една снимка го прикажува авионот како полетува над станбена зона, а потоа исчезнува од екранот и огромен облак од оган се издига кон небото зад куќите.

Снимките, исто така, ги прикажуваат запалените остатоци од авионот недалеку од аеродромот и работниците за итни случаи кои ги носат повредените на носилки.

Според контролата на воздушниот сообраќај на аеродромот Ахмадабад, авионот полетал во 13:39 часот по локално време од пистата 23. Пилотите испратиле повик „Мејдеј“, сигнализирајќи ја итноста на ситуацијата, но потоа немало одговор од авионот.

Flightradar24 соопшти дека го добил последниот сигнал од авионот неколку секунди по полетувањето. „Ова е Boeing 787-8 Dreamliner со регистрација VT-ANB“, соопштија. Од „Boeing“ досега не се огласија во врска со несреќата.

Во меѓувреме, лондонскиот аеродром „Гетвик“ потврди во четвртокот дека авионот на „Air India“ што се урна во близина на западниот индиски град Ахмедабад требало да слета на лондонскиот аеродром во 18:25 часот по локално време.

Велика Британија соработува со индиските власти за итно утврдување на фактите за падот на авионот на Ер Индија и обезбедување поддршка на вклучените, соопшти британското Министерство за надворешни работи во соопштение на својата веб-страница.

globe

Слични новости

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 лица се убиени од израелски оган во понеделникот, а повеќето од нив во близина на центар за дистрибуција на помош на американската Хуманитарна фондација Газа (GHF), соопшти Министерството за здравство на крајбрежната палестинска енклава

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе платат цена за иранските напади врз Израел

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе платат цена за иранските напади врз Израел

Досега во Израел има неколку десетици мртви цивили, а на стотици се ранети како последица на ирнаските бомбардирања со ракети земја-земја и дронови, а синоќа најмалку осум лица загинаа, а 92 се ранети и хоспитализирани. Во Иран, досега од израелските напади загинаа 224 луѓе, а 90 насто од нив се цивили, ја пренесе гардијан изјавата на иранскиот министер за здравство.