Пет војници загинаа, а еден е тешко повреден во пад на воен хеликоптер на југозападот од Турција, соопшти денеска турското министерство за одбрана.

Турскиот воен хеликоптер УХ-1 се урна за време на тренажен лет во провинцијата Испарта, соопшти локалниот гувернер Абдулах Ерин.

Гувернерот рече дека властите трагаат за другите припадници на војската што се наоѓаа во хеликоптерот, но други детали за несреќата засега не се објавени, пренесува Ројтерс.

Слични новости