Инвеститорите позитивно реагираа на значајниот пад на цената на нафтата поттикнат од очекувањата дека победата на Демократите на изборите за американскиот Конгрес би можела да придонесе за смирување на конфликтите на Блискиот исток, пренесува Ројтерс.

Цената на нафтата Брент денеска изнесува 95 долари за барел, додека лесната американска нафта ВТИ падна на 87,8 долари за барел.

Инвеститорите очекуваат дека смирувањето на геополитичките тензии ни пониските трошоци за енергенти би можеле да ги подобрат перспективите на европската економија, а како резултат на тоа денеска пораснаа акциите на европските берзи.

Слични новости

Американските акции паднаа откако ФЕД изрази загриженост поради движењата на инфлацијата

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.