Криста Пајк (50) која минатата недела преживеа две смртоносни инекции за време на неуспешното извршување на смртната казна врз неа во американската сојузна држава Тенеси, се разбуди и е контактибилна, соопштија нејзините адвокати.

Њујорк тајмс пишува дека Криста Пајк е првата личност која ги преживеа двете смртоносни дози на пентобарбитал кој се користи за извршување на смртната казна со инекција.

Таа е во болницата во Нешвил и ќе и треба долго опоравување. Нејзините адвокати го повикаа гувернерот на Тенеси да ја разгледа можноста казната на Пајк да се ублажи во доживотен затвор, наместо врз неа повторно да биде извршена смртна казна.

Таа е 30 години во затвор, а беше осудена на смртна казна поради учество во мачење и убиство на школската другарка Колин Слемер во 1995.

Слични новости

Ник Реинер се изјасни за невин во судењето за убиството на неговите родители Роб и Мишел Реинер

Ник е обвинет по две точки за убиство од прв степен, што на јавното обвинителство му дава можност да бара казна од доживотен затвор без право на помилување, или дури и смртна казна.

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.