Секирата со која Џек Николсон ја сними една од најпознатите сцени во филмската историја оди на аукција. Реквизитот од „Шајнинг“ се проценува меѓу 30.000 и 50.000 фунти, односно до околу 58.000 евра.

Во славната сцена Џек Торенс, ликот на Николсон, со секирата ја пробива вратата од бањата. Зад неа се крие неговата сопруга Венди, која ја игра Шели Дувал.

Потоа ја протнува главата низ искршената врата и ја изговара репликата што стана дел од филмската историја: — Еве го Џони!

Славниот реквизит е само еден од стотиците предмети од личната архива на режисерот Стенли Кјубрик. Тие првпат ќе бидат понудени на аукција по неговата смрт во 1999 година.

Слични новости

Новиот Спајдермен надмина заработка од две милијарди долари

Новиот Спајдермен надмина заработка од две милијарди долари

За време на викендот Спајдермен ја надмина заработката од две милијарди долари глобално, што го прави втор филм кој успеал да оствари таков спекатукаларен резултат за кусо време, и само осми филм на сите времиња што заработил повеќе од две милијарди долари.

Одисеја на Кристофер Нолан го задржа второто место на Бокс офисот и стигна до 1,3 милијарди долари заработка

„Одисеја“ на Кристофер Нлан и студиото Универзал остана на второто место на американскиот Бокс офис во петтата недела од прикажувањето со заработка од 23,2 милиони долари ширум кината во САД.