Наградуваните актерки Ејми Лу Вуд, Саоирс Ронан, Миа МекКена-Брус и Ана Саваи се придружија на актерската постава во претстојните биографски филмови за легендарните Битлси, објави студиото Sony Pictures.
Тие ќе ги портретираат Морин Старки (МекКена-Брус), Линда МекКартни (Ронан), Јоко Оно (Саваи) и Пати Бојд (Вуд) во четирите долгометражни филмови, по еден од перспектива на секој член на бендот.
Филмовите, режирани од британскиот режисер Сем Мендес, ќе ги следат животите на познатата ливерпулска четворка, а премиерата е закажана за април 2028 година.
„Морин, Линда, Јоко и Пати се четири фасцинантни и единствени фигури самите посебе, и одушевен сум што успеавме да ги донесеме четирите најталентирани жени кои работат во филмската индустрија денес да ни се придружат во оваа неверојатна авантура“, рече Мендес.
Треисет иедногодишната Вуд, позната по своите улоги во „Сексуално образование“ и серијата „Белиот лотос“, ќе ја игра манекенката Пати Бојд, која го запознала Џорџ Харисон во 1964 година на снимањето на филмот „A Hard Day’s Night“ со Beatles-ите.
Нејзе ѝ се придружува 31-годишната Ронан, која глумеше во „Лејди Берд“ и „Избегнувањето“, и ќе ја игра фотографката Линда Истман, која го запознала Пол МекКартни во 1967 година, а подоцна се омажи за него.
Саваи, ѕвездата на серијата „Шогун“, ќе ја игра јапонската уметница Јоко Оно, доживотна и креативна партнерка на Џон Ленон, додека актерката од „Како да имате секс“, 28-годишната МекКена-Брус ќе ја игра Морин Старки, првата сопруга на Ринго Стар.
Четирите млади ѕвезди се приклучуваат на претходно најавената екипа, меѓу кои ѕвездата од „Нормални луѓе“ Пол Мескал, кој го игра МекКартни, и ирскиот актер Бери Кеоган, кој го игра Стар.
Актерот од „Бејбигерл“ Харис Дикинсон ќе го игра Џон Ленон, додека колегата на Мескал од „Гладијатор II“, Џозеф Квин, ќе го игра Џорџ Харисон.
Овој проект е првпат живите членови на бендот – Пол Мекартни и Ринго Стар, како и семејствата на Ленон и на Харисон – да ги доделат правата за целата животна приказна и музика за игран филм.
Останува да се види кој ќе ги игра Синтија Ленон, Брајан Епштајн, Џорџ Мартин, Рави Шанкар и други клучни улоги.
Формирани во 1960 година, Битлсите се најпродаваниот музички бенд на сите времиња и една од највлијателните групи во светот.
Слични новости
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија
Почина американски архитект Френк Гери
Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст


