Англиските медиуми се поотворено пишуваат дека Манчестер јунајтед ќе му даде отказ на Мајкл Керик, кој вечерва ќе го води тимот на „Метрополитано“ против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Доколку управата на Манчестер јунајтед го замени Керик, тој ќе биде отпуштен по само 10 месеци, идентично како и неговиот претходник Рубен Аморим.
Манчестер јунајтед има најслаб старт во Премиер лигата во последните неколку децении со само 6 освоени бода по шест кола и се наоѓа на 13-тото место.
За наследник на Керик се спомнува Антонио Конте, но неговото име ги подели навивачите и јавноста во Манчестер.
Слични новости
Фудбалерите на Ленс го победија ПСЖ во Суперкупот на Франција
Со синоќешниот триумф против актуелниот европски шампион Ленс за прв пат во историјата на клубот го освои Суперкупот на Франција.
Џеф Безос купи третина од акциите на англискиот фудбалски клуб Ливерпул
Сопствениците на фудбалскиот клуб Ливерпул групацијата „ Fenway Sports Group“ постигна договор за продажба на третина од клубот на конзорциум во кој е оснивачот на Амазон и милијардерот Џеф Безос, пренесоа британските медиуми.
Денис Шрудер трејдуван од Кливленд во Шарлот
Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шрудервеќе не е член на Кливленд Кавалиерс откако НБА клубот го трејдуваше играчот во Шарлот Хорнетс, пренесе американската телевизија ЕСПН. Трејдот е договорен така што Шарлот заедно со Шрудер ќе добие и пари,а а во Кливленд оди Тре Ман.


