Ливерпул го купи Жереми Жаке од Рен за 72 милиони евра, со план тој да остане во Рен до крајот на сезоната, а идната сезона да се приклучи на Ливерпул.

Младиот француски стопер, како што пишуваат медиумите во Франција, се повреди на мечот меѓу Рен и Ленс, а повредата е сериозна.

Медиумите пишуваат дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, а потоа и на повеќемесечна рехабилитација.

Во Ливерпул се надеваат дека Жаке во најкус можен рок повторно ќе се врати на терен и дека ќе биде на располагање во текот на предсезоната, затоа што е планиран како големо засилување во срцето на одбраната на Ливерпул за сезоната 2026/2027.

Слични новости

Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами

Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.