Државниот завод за статистика објави дека во март годинава во земјава се евидентирани 73 921 туристи кои оствариле 134 233 ноќевања.

Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак,  26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските за 6.9 %.

Вкупниот број на ноќевањата е намален за 0.3 %. Кај домашните туристи има пад за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 0.2 %.

 

Слични новости

Македонија потпиша Рамковната конвенција за вештачка интелигенција

Македонија потпиша Рамковната конвенција за вештачка интелигенција

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција, првиот меѓународен обврзувачки документ кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна примена на вештачката интелигенција.