Од вторник, 3. декември, Париз ќе биде побогат за уште еден величествен културен настан – изложба во „Cite de la Musique“ посветена на „Болеро“, оркестарското дело на Морис Равел кое доживеа глобален успех, пренесуваат француските медиуми.
Симфониското дело од 1928 година и првпат изведено на 22. ноември истата година во париската опера „Garnie“, првично било музика за балет што познатата руска балерина Ида Рубинштајн му ја нарачала на Равел, нејзин пријател, чиј мецена била таа.
На изложбата во „Cite de la Musique“ (Градот на музиката), која опфаќа неколку музички институции во Пакр де ла Вије, во XIX-иот арондисман на Париз, публиката ќе може да се нурне во историјата на ова дело кое се сметало за авангардно и ќе може да види бројни предмети, како партитури, метрономи и облека и мебел, но и фотографии кои ја откриваат личноста на композиторот и да слушаат досега неприкажуваната изведба на „Болеро“ во режија на Парискиот оркестар на огромно платно.
Изложбата е организирана по повод 150-годишнината од раѓањето на Морис Равел (1875-1937), што ќе се слави следната година. Изложбата трае до 15. јуни 2025 година.
„Тоа е едно од најизведуваните музички дела во светот, 16-минутно оркестарско парче кое се карактеризира со повторувачка, хипнотичка структура. Изведбата на ‘Болеро’ во светот започнува приближно на секои 10 минути“, вели Пјер Корзилиус, музиколог и директор на одделот за уметност и култура на лицејот Бернарден.
Партитурата е „минималистичка“ со монотона мелодија и „континуиран ритам“ што се повторува 169 пати, пред крешендото и конечниот „удар што дава печат на грандиозност“, истакнува Корзилиус.
Изложбата е посветена и на изворите на инспирацијата на Морис Равел: неговата љубов кон Баскија (неговата мајка по потекло е од францускиот дел на Баскија), но и неговата фасцинираност со машините и индустријата, што не е изненадувачки бидејќи неговиот татко Жозеф Равел бил швајцарски пронаоѓач и индустријалец.
Слични новости
Откриен најстариот доказ за христијанството северно од Алпите
Записот се наоѓа на сребрена фолија и се состои од 18 редови испишани на латински јазик, а адтира од периодот меѓу 230 и 260 година од новата ера.
Фолијата била замотана во мала сребрена амајлија. Како што наведуваат германските археолози, артефактот беше пронајден во една гробница од третиот век во градот Хесе, каде што некогаш се наоѓал античкиот римски град Нида.
Германците најмногу се плашат од радиоактивното зрачење по нуклеарен судир
Според резултатите од истражувањето, 58 отсто од граѓаните стравуваат од радиоактивно зрачење како последица на нуклеарен конфликт
Ватикан на работ од банкрот
Ватикан, најмалата држава на светот, за своите проходи се потпира врз комбинација на донации и инвестиции. Во 2023 дефицитот на Ватикан изнесуваше 83 милиони евра, што е 5 милиони евра повеќе отколку лани, објавуваат италијанските медиуми.