Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10% ограничување на маржата во трговија на мало и 10% во трговија на големо на основните прехранбени производи. На истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, информира портпаролот на Влада, Марија Митева. Истата листа треба да биде дополнета со средствата за хигиена како детергентите и плус да се дополни со бебешката храна, како и со други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа.

„Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес, и да трае заклучно со 30.04.2025-та година. Владата им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа. Целта на оваа препорака е да придонесеме поголема транспарентност од каде граѓаните сами ќе можат да одлучат во кој од маркетите ќе пазарат. Да ја видат разликата во цените, а цениме и дека ваквиот пристап кој има карактер на препорака, а не на ограничување, ќе придонесе кон усогласување на самите цени на производите„, рече Митева.
Владата, дополнително, го задолжи Министерството за економија и труд да организира итен работен состанок со сите надлежни институции како што се Државниот пазарен инспекторат, Министерствата за финансии и земјоделие, КЗК и други, каде што ќе можат да се разгледуваат и други предлози и мерки со кои долгорочно ќе се реши оваа состојба.
До петок треба да се изврши и контрола кај производителите на млеко и млечни производи и производителите на месо и млечни производи.
Слични новости
Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени
Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на опожарената дискотека
Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА.
Протест во Кочани, се бара одговорност
Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот