Јапонските автомобилски компании Хонда и Нисан планираат историско спојување во една компанија за да ги преживеат тектонските промени на пазарот на автомобили што подразбираат премин на електрични возила ширум светот.
Со спојувањето на овие два прозиводители на автомобили би се формирала компанија чија вредност ќе надминува 41 милијарда фунти, со што пазарната вредност на работење би ја исфрлило компанијата пред Тојота, Форд и Стелантис.
Двете компании разгледуваат работење во рамките на еден холдинг, а се очекува да потпишат мемомарндум за разбирање за нова компанија, наведува токискиот весник „Никеи“.
Весникот известува дека Хонда и Нисан разгледуваат во новиот холдинг да го вклучат и Мицубиши моторос, каде што Нисан е најголем акционер.
Слични новости
НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.
Оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%.
Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци
Годишните потрошувачки цени се зголемија за 2,6 отсто минатиот месец, во однос на растот од 2,3 отсто во октомври и значително над септемврискиот раст од 1,7 отсто. Тогаш, првпат по речиси три ипол години, инфлацијата падна под целното ниво на централната банка од 2 отсто
Европските берзи благо пораснаа пред одлуките на Fed
На европските берзи во средата претпладнето се тргува претпазливо, а берзанските индекси благо пораснаа пред одлуките и пораките на американската централна банка, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот