По неколку години континуиран пад, поддршката за членство во Европската унија од страна на граѓаните во изминатата година значително се зголемила. За членство во Унијата се изјасниле 71 процент, споредено со 62 проценти во 2024 година, покажало истражувањето на Институтот за демократија спроведено теренски во периодот од 22 октомври до 5 ноември 2025 година, на репрезентативен примерок од 1.003 испитаници.
Драстично зголемување на поддршката има кај етничките Македонци од дури 15 проценти, а таква промена е забележана и кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, па од 43 проценти во 2023, доколку утре има гласање за влез во ЕУ, „за“ би гласале 70 проценти од нив.
Причините за ваквите промени од Институтот за демократија го лоцираат во превирањата на геополитичката сцена, односно дека граѓаните се приклонуваат кон ЕУ поради тоа што во неа гледаат најголема безбедност, сигурност и перспектива.
„Континуирано кон ЕУ се гледа како на највлијателен и најдоверлив партнер на оваа земја и тоа не е случај само сега, туку е наназад веќе неколку години, а тоа е проследено со пад на перцепцијата кон САД“,рече Марко Трошановски, извршен директор на Институтот за демократија.
Дури 38 проценти од граѓаните во ЕУ гледаат и главен трговски партнер на Македонија, по што следи САД со 22.
Слични новости
Лажна дојава за поставена бомба во кочанско училиште
МВР веднаш извршило проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста на учениците и вработените во училишниот објект.
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.


