Холивудските актери Зендаја и Том Холанд се свршија, открија неколку американски медиуми во понеделникот, ден по доделувањето на Златните глобуси каде актерката се појави со прстен украсен со голем дијамант.

Скапоцениот камен што 28-годишната актерка го носеше за време на церемонијата во неделата ги запали социјалните мрежи, што поттикна многу обожаватели да шпекулираат за свршувачката.

 

Веб-таблоидот TMZ специјализиран за новостите од светот на славните личностиТМЗ ја потврди информацијата во понеделникот. Според нивните информации, Том Холанд ја побарал за жена Зендеја на Божик.

Дваесет иосумгодишниот британски актер ја побарал раката на актерката „во многу интимен амбиент во еден од домовите на семејството на Зендеја во САД“, пишува сајтот.

„Кажано ни е дека Том не сакал да направи големо шоу од тоа, туку многу романтично и интимно запросување. Нашите извори велат дека семејството не било таму, (…) тоа бил само нежен момент меѓу Том и Зендаја“, објаснува TMZ.

Двајцата актери се запознаа на сетот на „Spiderman: Homecoming“ од 2017 година, филм во кој нивните ликови споделуваат бакнеж. Тие ја започнаа својата врска во 2021 година и се еден од најпопуларните холивудски парови, иако љубоморно ја чуваат својата приватност.

Том Холанд отсуствуваше на церемонијата на доделувањето на Златните глобуси во неделата, а Зендеја беше номинирана за улогата во комедијата „Challengers“, која прикажува љубовен триаголник во светот на тенисот.

За време на свеченостите, актерот Тимоте Шаламе и неговата девојка Кајли Џенер, исто така, беа на насловни страници на социјалните мрежи кога нивните изливи на љубов беа регистрирани од камерите.

globe

Слични новости

Дипфејк станува кривично дело во Британија

Дипфејк станува кривично дело во Британија

Дипфејк станува кривично дело во Британија. Според новиот закон што го воведува британската влада, извршителите на „дипфејк“ ќе бидат кривично гонети, со можност да бидат осудени на две години затвор.