Организацијата „Белград во движење“бара итно распишување на вонредни избори во Белград, наведувајќи дека актуелниот градоначалник, Александар Шапиќ, повеќе нема легитимитет.

 Извршниот директор на „Белград во движење“ Никола Радин смета дека резултатите од изборите одржани во неделата го потврдуваат тоа, додавајќи дека Шапиќ „одамна го изгубил својот легитимитет, а сега е сосема јасно дека на неговата администрација ѝ недостасува политичко оправдување за продолжување на мандатот“.

 Тој додава дека „една од првите задачи на новата Влада на Србија мора да биде покренување на сите законски предвидени постапки за овозможување одржување на вонредни избори во Белград и во сите единици на локалната самоуправа, што е можно поскоро“.

 

Слични новости

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Синоќа нови протести во Тирана при што повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства кон полициските сили, кои возвратија со солзавец и водени топови за да ја растераат толпата.