Во месец март е намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло за 68,2 насто во однос на февруари, соопшти МВР. Полицијата соопшти дека во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок.

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на црвено светло констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари.

Најголемиот број прекршоци се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола.

 

Слични новости

Бројот на заболени од грип се намалува

Бројот на заболени од грип се намалува

Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.