Заемот од Европската унија од 140 милијарди евра замрзнати руски средства за Украина е се уште неизвесна, а одлуката имплементација е одложена за најмалку два месеца.

 Планот, што треба да се финансира од конфискувани руски средства, наиде на силен отпор од Белгија, една од земјите-основачи на ЕУ и повторно ги разгоре загриженостите за посветеноста на блокот кон Украина, пишува Политико.

Клучна улога во блокадата одигра белгискиот премиер Барт де Вевер, десничарски фламански националист, кој тврди дека операцијата носи огромни финансиски и правни ризици за неговата земја, каде што се чува поголемиот дел од замрзнатите руски средства.

Тој ја опиша идејата дека белгиските даночни обврзници би можеле да ги сносат трошоците како „апсолутно луда“.

 Иако европските влади и Европската централна банка долго време ја сметаа употребата на руски средства за незамислива од страв од кршење на меѓународното право, таа опција се појави како реална можност во последните месеци.

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица