Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 102 километри југозападно од Скопје, се регистрирани изутрината во 4 часот и 34 минути во Охридскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци на опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Во останатите југозападни делови од земјава, земјотресот е почувствуван со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.

 

Слични новости

Родителите на трагично починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до ОЈО во Кочани за средба со обвинителите

Родителите на трагично починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до ОЈО во Кочани за средба со обвинителите

Семејствата и родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство во Кочани, со кој бараат непосредна средба со обвинителите