Во последниот натпревар од 16. коло на италијанската Серија А во неделата, фудбалерите на Милан и Џенова одиграа дуел без голови на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.
Џенова сега се искачи на 13. место со 16 поени. Милан имаше целосна надмоќ на теренот, упати дури 22 шута, но „црвено-црните“ не можеа да постигнат гол. Милан е на осмото место со 23 бодови.

Фудбалерите на Комо пред своите гледачи ја победија Рома со 2:0 (0-0) во 16. коло од италијанската Серија А, а двата гола домашните ги постигнаа во продолженијата на крајот од натпреварот.
Стрелец на водечкиот гол беше Алесандро Габриелони во 93. минута, а потоа во 97. минута му асистираше на Николас Паз за конечни 2:0. Со победата Комо стигна до 15 бодови и од 18. место скокна на 15. место. Рома има 16 бодови и е на 12. позиција.
Фудбалерите на Болоња пред своите навивачи ја победија Фиорентина со 1:0 (0:0). Стрелец на победничкиот гол беше Данецот Јенс Одгард во 59. минута. Болоња стигна до 25 бода и од осмото се искачи на седмото место на рангирањето. Фиорентина го претрпе само вториот пораз и остана на четвртата позиција со 31 бод. Лидерот Аталанта има 37 бода, два повеќе од второпласираниот Наполи.
Во Парма, Верона победи со 3:2 и се извлече од зоната за испаѓање. Копола (5), Сар (57) и Москера (75) беа стрелци за петтата победа на Верона сезонава, а двата гола за домашната екипа ги постигна Сом (19, 90). Верона сега се најде на 17. позиција со 15 бодови. Парма е на 14. место со исто толку бодови.
Фудбалерите на Лече ја победија Монца со 2:1 (2:1) во првиот натпревар од неделната програма. Во 3. минута Тете Моренте ги доведе домашните во водство, но во 13. минута Никола Крстовиќ промаши пенал за 2:0. Израмни Монца во 37. минута благодарение на автоголот на Патрик Доргу. Во 44. минута Крстовиќ се искупи за неискористениот пенал и постигна гол за да му донесе победа на Лече. Сега Лече со 16 бодови привремено е на 13. позиција, а Монца со осмиот пораз сезонава остана на 10 бодови и се наоѓа на претпоследното 19. место на табелата, со ист број бодови како и последната Венеција.

Слични новости
Роналдо сака да стане претседател на Бразилската фудбалска асоцијација
Поранешната бразилска ѕвезда Роналдо сака да го замени Едналдо Родригеш на функцијата претседател на Бразилската фудбалска асоцијациј
НБА: Десетти „трипл-дабл“ на Јокиќ сезонава за тесна победа на Денвер
Никола Јокиќ го забележа десеттиот „трипл-дабл“ сезонава за Денвер Нагетс кои славеа тесна победа над Сакраменто Кингс со 130:129
Лукман избран за најдобар фудбалер од Африка
Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година