Аталанта ја постигна деветтата последователна победа во италијанската Серија А совладувајќи го тимот на Милан со 2:1 (1:1) пред своите гледачи во Бергамо и со тоа привремено се искачи на врвот на првенствената табела.
Шарл Де Кетелаере ја доведе Аталанта во водство во 12. минута. Алваро Мората израмни во 22. минута, а Адемола Лукман ја донесе победата на домашните во 87. минута.
Во првиот натпревар од 15. коло на Серија А одигран во петокот, Интер на својот „Сан Сиро“ ја победи Парма со 3:1. Федерико Димарко (40), Николо Барела (56) и Маркус Турам (67) беа стрелци за актуелниот италијански шампион, а гостите погодија во 81. минута со автоголот на Матео Дармијан.
Аталанта изби на првото место со 34 бода, со два бода повеќе од Наполи, кој има натпревар помалку. Интер е трет со 31 бод, а актуелниот шампион има и натпревар помалку од Аталанта. Се работи за прекинат натпревар против Фиорентина, кој ќе се повтори.
Милан е само на седмото место со 22 бода и веќе е далеку од екипите кои се борат за титулата.
Слични новости
Лоусон ќе го замени Перез во тимот на Ред Бул
Во средата беше објавено дека мексиканскиот возач го загубил местото во тимот по четири години, бидејќи зад него е разочарувачката сезона
Арсенал, Њукасл и Ливерпул во полуфиналето на Лига купот
Фудбалерите на Арсенал, Њукасл и Ливерпул се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп, а последната четвртфинална двојка е Тотенхем – Манчестер Јунајтед која ќе се соочи во четврток
Евролига: Убедливи победи на Олимпијакос и Ефес
Во последниот натпревар од колото, кошаркарите на Олимпијакос ја прекинаа серијата од два евролигашки пораза во низа и со далеку подобра игра во вториот дел го скршија отпорот на Виртус од Болоња, славејќи со резултат 87:77 во салата „Мир и пријателство“ во Пиреја