Аталанта ја постигна деветтата последователна победа во италијанската Серија А совладувајќи го тимот на Милан со 2:1 (1:1) пред своите гледачи во Бергамо и со тоа привремено се искачи на врвот на првенствената табела.
Шарл Де Кетелаере ја доведе Аталанта во водство во 12. минута. Алваро Мората израмни во 22. минута, а Адемола Лукман ја донесе победата на домашните во 87. минута.
Во првиот натпревар од 15. коло на Серија А одигран во петокот, Интер на својот „Сан Сиро“ ја победи Парма со 3:1. Федерико Димарко (40), Николо Барела (56) и Маркус Турам (67) беа стрелци за актуелниот италијански шампион, а гостите погодија во 81. минута со автоголот на Матео Дармијан.
Аталанта изби на првото место со 34 бода, со два бода повеќе од Наполи, кој има натпревар помалку. Интер е трет со 31 бод, а актуелниот шампион има и натпревар помалку од Аталанта. Се работи за прекинат натпревар против Фиорентина, кој ќе се повтори.
Милан е само на седмото место со 22 бода и веќе е далеку од екипите кои се борат за титулата.
Слични новости
Лига куп: Тотенхем преку Манчестер Јунајтед до полуфиналето
Последните полуфиналисти на англискиот Лига куп се фудбалерите на Тотенхем кои пред своите гледачи го совладаа Манчестер Јунајтед со 4:3.
Евролига: Високи победи на Реал и Панатинаикос
Кошаркарите на Реал Мадрид во првиот натпревар од 17. коло од Евролигата забележаа убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го до ова коло водечкиот Монако со 94:72
По Рома американска компанија го купи и Евертон
Условите за продажба на Евертон на „Friedkin Group“ од страна на досегашниот сопственик Фархад Мошири и неговата компанија „Blue Heaven Holdings“ беа договорени уште во септември а сега се потврдени