
Британската кратка серија „Адолесценција“ за еден месец прикажување стана четврта најгледана британска серија во историјата на стримерот Нетфликс. Адолесценција минатата недела ги надмина по гледаност првите три сезони на „Бриџертон“, „Даминиот Гамбит“ и „Ноќниот агент“.
„Адолесценција“ ја имаше премиерата пред еден месец и веќе ја надмина бројката од 114 милиони гледачи. Минатата недела серијата беше првопласирана на Нетфликс според гледаност со 17,8 милиони гледачи.
„Адолесценција“ ја раскажува приказната за растурање на едно семејство откако нивниот син ќе биде уапсен за убиство на негова соученичка во основно учулиште, а главната улога ја толкува Стивен Грахам. Карактеристика на серијата е дека се снима во еден кадар.
Слични новости
Првата „Birkin“-ка оди на аукција
Големата црна кожна чанта, која ќе стане една од најпознатите и најскапите чанти во светот, е „централниот дел“ на продажбата насловена како „Модни икони“
Мерц го израдувал Трамп со изводот од матичната книга на родените на неговиот германски дедо
За време на неговата прва посета на Белата куќа во четвртокот, германскиот канцелар Фридрих Мерц му подарил на домаќинот Доналд Трамп копија од изводот од матичната книга на родените на неговиот дедо, неговиот имењак Фридрих Трамп
Улвеус од АВВА пишува нова музика со помош на вештачка интелигенција
Ѕвездата и текстописец на легендарната шведска поп-група АВВ, Бјорн Улвеус, изјави дека вештачката интелигенција се користи и во создавањето нова музика, иако има свои недостатоци