
Британската кратка серија „Адолесценција“ за еден месец прикажување стана четврта најгледана британска серија во историјата на стримерот Нетфликс. Адолесценција минатата недела ги надмина по гледаност првите три сезони на „Бриџертон“, „Даминиот Гамбит“ и „Ноќниот агент“.
„Адолесценција“ ја имаше премиерата пред еден месец и веќе ја надмина бројката од 114 милиони гледачи. Минатата недела серијата беше првопласирана на Нетфликс според гледаност со 17,8 милиони гледачи.
„Адолесценција“ ја раскажува приказната за растурање на едно семејство откако нивниот син ќе биде уапсен за убиство на негова соученичка во основно учулиште, а главната улога ја толкува Стивен Грахам. Карактеристика на серијата е дека се снима во еден кадар.
Слични новости
Четири членови на BTS излегуват од војската, надежи за враќање на K-pop бендот
Четири членови на корејскиот бенд BTS ќе ја завршат својата задолжителна воена служба следната седмица, зголемувајќи ги надежите кај нивните обожаватели дека светски познатиот K-pop бенд ќе се врати на сцената
Семејството на генералот де Гол ќе го претстави ракописот од апелот за отпор на Франција од 1940.
Семејството на генералот Шарл де Гол ќе ѝ го претстави на Франција ракописот од апелот од 18 јуни 1940 година, во кој тој повикува на отпор кон нацистичка Германија
Првата „Birkin“-ка оди на аукција
Големата црна кожна чанта, која ќе стане една од најпознатите и најскапите чанти во светот, е „централниот дел“ на продажбата насловена како „Модни икони“