
Британската кратка серија „Адолесценција“ за еден месец прикажување стана четврта најгледана британска серија во историјата на стримерот Нетфликс. Адолесценција минатата недела ги надмина по гледаност првите три сезони на „Бриџертон“, „Даминиот Гамбит“ и „Ноќниот агент“.
„Адолесценција“ ја имаше премиерата пред еден месец и веќе ја надмина бројката од 114 милиони гледачи. Минатата недела серијата беше првопласирана на Нетфликс според гледаност со 17,8 милиони гледачи.
„Адолесценција“ ја раскажува приказната за растурање на едно семејство откако нивниот син ќе биде уапсен за убиство на негова соученичка во основно учулиште, а главната улога ја толкува Стивен Грахам. Карактеристика на серијата е дека се снима во еден кадар.
Слични новости
Најубавата европска плажа за 2025. е во Грција
Плажата Гларокавос ја доби оваа титула по гласањето на туристи од целиот свет на натпревар организиран од меѓународната организација European Best Destinations
Почина пионерот на фанкот Слај Стоун
Слај Стоун, водач на бендот Sly and the Family Stone, еден од највлијателните бендови во развојот на фанк, соул, аренби, рок и психоделична музика, почина на 82 години
Раперот Кендрик Ламар најголем добитник на црнечките награди BET
Кендрик Ламар беше главен лик на доделувањето на наградите BET во понеделникот, на кои им се оддава почит на афроамериканските актери, пејачи и спортски ѕвезди