
Британската кратка серија „Адолесценција“ за еден месец прикажување стана четврта најгледана британска серија во историјата на стримерот Нетфликс. Адолесценција минатата недела ги надмина по гледаност првите три сезони на „Бриџертон“, „Даминиот Гамбит“ и „Ноќниот агент“.
„Адолесценција“ ја имаше премиерата пред еден месец и веќе ја надмина бројката од 114 милиони гледачи. Минатата недела серијата беше првопласирана на Нетфликс според гледаност со 17,8 милиони гледачи.
„Адолесценција“ ја раскажува приказната за растурање на едно семејство откако нивниот син ќе биде уапсен за убиство на негова соученичка во основно учулиште, а главната улога ја толкува Стивен Грахам. Карактеристика на серијата е дека се снима во еден кадар.
Слични новости
Почина Брајан Вилсон, основач на култните Beach Boys
Вилсон страдал од деменција и не можел да се грижи за себеси откако неговата сопруга, Мелинда Вилсон, почина на почетокот на 2024 година
Црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал се продава по евро за килограм
Тон и половина од црвениот синтетички материјал по кој повторно чекореа бројни светски кино-ѕвезди оваа година добива нов живот во Марсеј во рацете на стилисти
Најубавата европска плажа за 2025. е во Грција
Плажата Гларокавос ја доби оваа титула по гласањето на туристи од целиот свет на натпревар организиран од меѓународната организација European Best Destinations