И покрај лошите резултати на Милан, тренерот Сержио Консеисао останува на клупата на Милан барем до крајот на сезоната и ја има целосната поддршка на раководството на тимот.

Минатата недела Милан беше елиминиран од Фејенорд во Лигата на шампионите, а потоа во домашното првенство загуби и од Торино со 2:1 што ги отвори разговорите за можно заминување на португалскиот тренер од Сан Сиро.

Газета дело Спорт пишува дека спортскиот директор на клубот Златан Ибрахимовиќ и Сержио Консеисао разговарале индивидуално со играчите за да ги мотивираат за претстојните натпревари во Серија А против Болоња и Лацио.

Упрвата на Милан верува дека до крајот на сезоната Милан кој се наоѓа на седмото место во Серија А, ќе успее да оствари пласман во Лигата на шамионите во наредната сезона.

Слични новости

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите