По многу слабиот почеток во А Лигата на нации на чело со Винченцо Монтело, Турција е убедливо последна со четири порази од четири натпревари, по што фудбласката федерација на Турција донесе одлука да го смени италијанскиот тренер Винченцо Монтела.
На негово место доаѓа Серген Јалчин. Тој рече дека е пресреќен за новата функција и дека повторно ќе го обедини турскиот народ со репрезентацијата.
Јалчин целата кариера ја градеше како тренер во Турција во која водеше неколку прволигашки тимови.
Слични новости
Деклан Рајс блиску до нов договор со Арсенал
Би Би Си наведува дека за продолжување на договорот Рајс би добил големо зголемување на платата, а тој неделно заработува 240 000 фунти. Според новиот договор тој би се изедначил со најплатениот играч на Арсенал Букајо Сака кој неделно заработува 350 000 фунти.
Роналдо се соочува со парична казна и суспензија откако го напушти кампот на репрезентацијата, но не се откажува од играњето во националниот дрес
. Роналдо порача дека не се откажува од репрезентацијата и дека ја прифаќа секоја санкција за својата постапка. Во меѓувреме, од португалската федерација и селекторот Жезус порачаа дека вратата за Роналдо во репрезентацијата останува отворена.
Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон
Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во А дивизијата од Лигата на нациите во групата 3, откако на Вембли ја победи Чешка со 3:0. Центарфорот Хари Кејн постигна два гола на својот 125 -ти настап за селекцијата на Англија со што го израмни рекордот на Питер Шилтон.


