По шокантниот пораз од Белгија со 3:2 по продолженија во Сиетл, со кој Сенегал беше елиминиран од Светското првенство, дојде до раздор меѓу фудбалерите и стручниот штаб. Играчот за врска на Виљареал папа Геј соопшти дека привремено нема да настапува за националната селекција, се додека ја води актуелниот стручен штаб.
Сенегал водеше со 2:0 до 86-тата минута, а потоа на крајот прими два гола и натпреварот отиде во продолженија, за Белгија да победи на крајот од второто продолжение со гол од пенал. Папа Геј, кој ја држеше средината на теренот беше заменет во 66-тата минута и потоа играта на Сенегал се распадна.
На негово место влезе ламин камара кој 10 секунди по влегувањето доби жолт картон, внесе нервоза во тимот, средината на теренот падна, а тој го направи и пеналот во 120-тата минута од натпреварот.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
Де ла Фуенте: Шпанија има златна генерација на фудбалери
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте изрази гордост за фудбалерите што ги предводеше на СП 2026 на кое ја поразија Аргентина во финалето со 1:0 и по вторпат се искачија на планетарниот трон.
Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер
Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија Родри е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на Мундијалот. Играчот за врска на Шпанија изигра особено квалитетно во полуфиналето и финалето против Франција и Аргентина.


