Американскиот Сенат во понеделникот го потврди Крис Рајт, директор на нафтена компанија без политичко искуство, за нов секретар за енергетика во администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Рајт беше потврден од 58 членови на горниот дом на Конгресот, а 38 му се спротивставија – седум демократи и еден независен преминаа на републиканската страна во поддршка на 60-годишниот жесток застапник за фосилни горива.

Рајт е извршен директор на нафтената компанија „Liberty Energy“ со седиште во Денвер, а претходно најави дека ќе се повлече од таа функција кога ќе стане министер, што и го направи.

Минатата година тој во една статија рече дека влијанието на човештвото врз климатските промени е реално, но дека нивните последици се „нејасни и далечни“.

Тој, исто така, истакна дека пристапот „одозгора надолу“ за ограничување на гасовите со ефект на стаклена градина не може да успее. Алармисти ги нарече климатски активисти и ја спореди борбата на Демократската партија против глобалното затоплување со комунизмот од советски тип.

Се очекува Рајт да го поддржи планот на Трамп да го максимизира производството на нафта и гас и да се обиде да најде начини за зголемување на производството на електрична енергија, за што побарувачката расте првпат по децении.

Рајт доаѓа на чело на министерството со буџет од околу 50 милијарди долари, од кои околу половина одат за одржување на американското нуклеарно оружје, пренесува Reuters.

Исто така, ќе управува со 17 државни лаборатории кои покриваат области кои се движат од развој на енергија од фузија до суперкомпјутери. На неговото сослушување во Конгресот, го наведе проширувањето на домашното производство на енергија, вклучително и течен природен гас (LNG) и нуклеарна енергија, како приоритет.

САД станаа најголемиот извозник на LNG во 2023 година поради прекинот на увозот руски гас во Европа поради војната во Укриана, а нивниот извоз се очекува да се удвои до крајот на деценијата.

Рајт, кој нема политичко искуство, опширно пишуваше за потребата од поголемо производство на фосилни горива за да се извлечат луѓето од сиромаштија.

globe

Слични новости

Во понеделник почнуваат преговорите за новата фаза од прекинот на огнот во Газа

Во понеделник почнуваат преговорите за новата фаза од прекинот на огнот во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ги започне преговорите за втората фаза од прекинот на огнот во Газа кога ќе се сретне со пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф, во понеделник во Вашингтон