Басистот и еден од оснивачите на метал бендот Лимп Бизкит почина во саботата на 48 годишна возраст, објави бендот на Инстаграм. Причините за неговата смрт не се објавени.
„Денеска го загубивме нашиот брат. Нашиот другар од бендот. Сем Риверс не беше само наш басист-тој беше вистинска магија. Од првата нота што ја имаме отсвирено досега Сем донесе светлина и ритам кои никогаш нема да може да бидат заменети“, напиша бендот на социјалните мрежи.
Бендот Лимп Бизкит е основан во 1994 во Џексонвил Флорида од фронтменот Фред Дурст, кој го откри Сем Риверс додека овој свиреше бас гитара за друг бенд, Малачи Сејџ и тапанарот Џон Ото.
Подоцна на бендот се приклучи и гитаристот Вес Борланд. Бендот имаше два хита кои беа први на Билборд листата, објави шест студиски албуми и три пати беше номиниран за наградата Греми.
Слични новости
Писателите на романи страхуваат дека вештачката интелигенција целосно може да им ја земе работата
Постои широко распространето стравување кај пистаелите дека генеративната вештачка интелигенција тренирана на огромни количини фикција, ќе ја поткопа вредноста на пишувањето и директно ќе им конкурира на авторите кои се луѓе
Слика од Фрида Кало продадена за рекордни 54,7 милиони долари
Автопортрет од познатата мексиканска уметница Фрида Кало е продаден за 54,7 милиони долари во Њујорк, поставувајќи рекорд за највредно дело од уметница некогаш продадено на наддавање
ВИ четботот Грок во сопственост на Илон Маск тврдеше дека тој е попаметен од Исак Њутн и Да Винчи
ВИ четботот Грок во сопственост на милијардерот Илон Маск, во низата неодамна избришани објави тврдеше дека Маск е во подобра физичка форма од кошаркарот Леброн Џејмс и дека е попаметен од историски генијалци како што се Леонардо да Винчи и Исак Њутн.


