Семејство со две деца со автомобил утринава заглавиле во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро.
Од ЦУК информираат дека гостиварските пожарникари пријавиле дека утрово во 10.21 часот има заглавени лица во снегот кај селото Леуново.
Во околината на Маврово до утрово наврнаа близу осумдесет сантиметри снег што го отежнува одвивањето на сообраќајот.
Од РЦУК Тетово известуваат дека добиле информација од претпријатието задолжено за одржување на магистралните и регионалните патни правци дека висината на снежната покривка е околу 80 сантиметри. Чистењето на снегот на патот околу Мавровско езеро дополнително го отежнуваат и паднатите дрвја на коловозите.
Слични новости
Средба Гаши – Ларше: Апел за позасилен француски ангажман, со цел што поскоро отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ
Делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на својата работна посета на Париз, денеска оствари средба и со претседателот на Сенатот на Француската Република, Жерар Ларше.
Дисциплински мерки за двајца полициски службеници од ГП „Долно Блаце“ во врска со излезот на Груби од земјава
Министерството за внаррешни работи соопшти во средата дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на државната граница на Артан Груби
Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на Македонија
Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на државава, изјави денеска на почетокот на конференцијата во Скопје за квалитетот на воздухот, директорот на Светска банка за Косово и Македонија, Масимилијано Паолучи