Семејството на генералот Шарл де Гол ќе ѝ го претстави на Франција ракописот од апелот од 18 јуни 1940 година, во кој тој повикува на отпор кон нацистичка Германија, објави во петокот аукциската куќа Artcurial.
Церемонијата е планирана за 12 јуни во аукциската куќа која во декември го продаваше имотот на најстариот син на генералот, адмиралот Филип де Гол, кој почина на 102-годишна возраст во март 2024 година.
Семејството, исто така, одлучи да донира „речиси 1.300 рачно напишани или отчукани документи од генералот де Гол“, кој почина во 1970 година, соопшти Artcurial.

Ракописот на лондонскиот апел од 18 јуни 1940 година, емитувано од британскиот радиодифузер BBC, веќе беше изложен првпат пред аукцијата, но не беше на продажба.
Двата двострани листа, со бројни избришани места, првично ги чувала Ивон де Гол, сопругата на генералот, а подоцна биле чувани во разни банкарски сефови.
Шарл де Гол, унапреден во генерал за време на борбата против германската инвазија започната во мај 1940 година, ја напуштил Франција со авион за Англија на 17 јуни, спротивставувајќи се на изборот на Филип Петен за шеф на владата и на идејата за примирје со Германија.
На 18 јуни во 18:30 часот тој ги повикал сите други Французи да му се придружат преку радио, велејќи: „Што и да се случи, пламенот на францускиот отпор не смее и нема да се изгасне“.
Слични новости
Акцискиот трилер Балерина со Киану Ривс се доближува до заработка од 100 милиони долари
Шпионскиот акциски трилер доби солидни оценки од публиката и стигна до заработка од 42 милиони долари во САД и 49 милиони долари надвор од Америка за вкупна заработка од 91 милион долари за две недли прикажување.
„Како да го тренирате вашиот змеј“ ќе оствари профит од близу 200 милиони долари во премиерниот викенд
Адаптацијата на филмот од 2010 „Како да го тренирате вашиот змеј“, се очекува да отвори со заработка од 84 милиони долари на Бокс Офисот во САД и близу 200 милиони долари глобално.
Илјадници британски студенти направиле плагијати на своте трудови користејќи вештачка интелигенција
Истражувањето што го спроведе лондонскиот весник гардијан покажа дека илјадници студенти минатите години го злоупотребиле „ЧетЏипити“ и други алатки на вештачката интелигенција, додека другите традиционални начини за пишување плагијати се значително намалени.