Семејството на Брус Вилис објави дека по смртта на славниот актер ќе го донира неговиот мозок во научни цели, со цел да се проучува фронтотемпоралната деменција од која боледува глумецот. Одлуката ја потврди и неговата сопруга Емом Хеминг Вилис која има 47 години.

На славниот холивудски актер во февруари 2022 му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Една година пред тоа беше откриено дека Брус Вилис има афазија-пореметување на говорот. Поради болеста се откажа од актерството и целосно се повлече од јавноста.

Брус Вилис кој се прослави со дузина акциски филмови од кои најпознат е „Умри машки“ има две ќерки со Емом, а има и три ќерки од претходниот брак со глумицата Деми Мур.

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година