Фудбалерите на Барселона ја победија Селта Виго со 4:2 на гостински терен вечерва во последниот натпревар од 12-то коло на шпанската Примера и се доближија на три бода од лидерот Реал.

Роберт Левандовски му донесе водство на каталонскиот тим од пенал во 10. минута. Минута подоцна, Серхио Кареира израмни за домашниот тим, пред Левандовски да го врати водството на Барселона во 37. минута. Селта успеа повторно да израмни, овојпат со голот на Борха Иглесијас во 43. минута.

Барселона дојде до своето трето водство на натпреварот во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме, со голот на Ламине Јамал. Левандовски ја потврди победата на Барселона со својот трет гол на натпреварот во 74. минута. Гостите останаа со играч помалку во последните минути од натпреварот, бидејќи Френки де Јонг доби втор жолт картон во четвртата минута од судиското продолжение на второто полувреме.

Барселона, на второто место во Ла Лига, ја намали разликата со лидерот Реал Мадрид. Реал Мадрид е на првото место со 31 бод, додека Барселона е три бода зад нив. Селта ја прекина серијата од пет победи во сите натпреварувања и е 13-та на табелата во Ла Лига со 13 бода.

Претходно во неделата Рајо Ваљекано и Реал Мадрид одиграа нерешено без голови во малото градско дерби, и покрај неуспехот. Рајо стана првиот тим против кого Реал не успеа да постигне гол оваа сезона, а играч на натпреварот беше аргентинскиот голман на Рајо, Аугусто Батаља. Така Реал не можеше да ја прослави својата четврта победа
по ред на стадионот на Рајо.

Фудбалерите на Атлетик Билбао го победија „фенерџијата“ Реал Овиедо со 1:0 , а Нико Вилијамс го постигна победничкиот гол во 25. минута. Атлетик Билбао е седми со 17 бода, а Овиедо е на последното 20-то место со осум бода.

Мајорка го победи Хетафе со 1:0 благодарение на голот на Ведат Муриќи во 14. минута, додека натпреварот на „Местаља“ меѓу Валенсија и Бетис заврши нерешено 1:1. Кучо Ернандез им донесе водство на гостите во 74. минута, додека Луис Риоха го постигна израмнувачкиот гол во 82. минута.

globe

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0