
Новиот албум на Селена Гомез и Бени Бланко, „ Јас прв реков дека те сакам“ е главно посветен на љубовни теми и нивната врска и има 15 нумери. За промоција на албумот дуото го објави синглот „Млад и пожежок од мене“ за кој е снимено и музичко видео.
Ова е прв заеднички албум на двојката, а при неговото издавање СМГ Мјузик соопшти дека тој е директен резултат на задоволството што двајцата го чувствуваат додека креативно работат заедно.
Гомез и Бланко претходно објавија три сингла „Исплашен да те сакам“, „Јави ми се кога ќе раскинеш“ и „Сансет Булевар“.
Слични новости
U2 ќе станат почесни членови на Британската академија на текстописци
Ирскиот рок бенд U2 ќе ја добие највисоката чест на Академијата Ајворс – почесното членство – на овогодинешната церемонија на доделување награди за филмски композитори и текстописци, објавија организаторите
Почина актерот Вингс Хаузер
Холивудскиот актер Вингс Хаузер познат по улогите во „Џо Џо танчер“, „Животот те повикува“, „Одред против пороци“ и „Цврстите момчиња не танцуваат“, почина на 77 годишна возраст.
Кејт Бланшет смета дека Оскарите не треба директно да се пренесуваат на телевизија
Кејт Балншет смета дека ноќта на оскарите и другите награди кои ги доделува филмската индустрија треба да бидат приватни и да не се емитуваат на телевизија.