Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез го врати Рафаел Леао назад во Италија поради недоволна физичка подготвеност, објави португалскиот спортски весник „А Бола“. Леао излезе од повредата кон крајот на септември, а тренерот на Милан Масилијано Алегри му даде многу слаба минутажа на дерби натпреварите што ги имаше Милан со Наполи и Јувентус.
Слабата физичка подготовка и лошата форма на Леао се видоа во последните 30 минути од натпреварот меѓу Португалија и Република Ирска, на кој Португалците се намачија за да победат.
Утре Португалија го игра дерби натпреварот од својата квалификациска група против Унгарија, но без Леао кој е вратен во Италија.
Слични новости
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло


