Секој трет граѓанин или 35.2 проценти размислуваат да се иселат од Македонија, покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, ИПИС.
Најголем интерес да се иселат од државата имаат возрасните групи од 30 до 50 години со завршено високо образование каде дури секој втор сака да си ја побара среќата надвор од Македонија, покажуваат деталните анализи на бројките.

15,9 проценти изјавиле дека причина што сакаат да се иселат се платите, а веднаш зад нив се оние кои велат дека причина се подобрите можности за децата, подобро здравство, подобро образование и инфраструктура.
Прв избор за дестинација е Германија која ја избрале 11,8 проценти од испитаниците, Швајцарија со 6.9 проценти и Словенија со 5.2. Скандинавските држави и САД се избор на нешто над 3 проценти испитаници.
Дека со сигурност ќе се иселат од државата во следните 5 години одговориле 10 проценти од испитаниците.
Огромен број испитаници дури 64.9 проценти велат дека имаат свој близок кој веќе се преселил во странство, а 70 проценти од испитаниците сметаат дека споредено со периодот пред 5 години степенот на иселување се зголемува.
Истражувањето за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 24 до 26 јануари оваа година на репрезентативен примерок од 1033 испитаници од целата држава.
Слични новости
Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме без нови смртни случаи
Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека да зборуваме колку пациенти си одат дома, рече Таравари.
Во притвор 17 лица, уапсен и потписникот на проектот дека дискотеката во Кочани исполнува услови за лиценца
Од сношти во притвор е човекот кој ставил потпис на проектот, според кој, дискотеката ги исполнува сите потребни услови за лиценца за работа. Се сомничи за тешки дела против општата сигурност.
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде ефикасна и најпрофесионално изведена, мора да се соберат сите докази
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде ефикасна и најпрофесионално изведена, мора да се соберат сите докази