Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници.
Според дејствијата опишани во наредбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност.

– Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа. Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16.03.2025 година во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди, се појаснува во соопштението.
Ценејќи дека се исполнети условите, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица.
Слични новости
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти се уште се во критична состојба
Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе преземе и Управата за финансиска полиција
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче со сослушување на обвинетите
Претходно беше сослушан обвинетиот Велибор Манев кој во детали ги образложи грабнувањета на Вања и Панче, при што посочи дека координатор и извршител на убиствата бил Палевски
Првиот од 115. пациенти на лекување во странство се врати во земјава
Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во земјава. Се работи за пациент кои се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје. Пациентот беше пречекан од министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и наворешна трговија Тимчо Муцунски.