Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници.
Според дејствијата опишани во наредбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност.

– Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа. Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16.03.2025 година во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди, се појаснува во соопштението.
Ценејќи дека се исполнети условите, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица.
Слични новости
Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме без нови смртни случаи
Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека да зборуваме колку пациенти си одат дома, рече Таравари.
Во притвор 17 лица, уапсен и потписникот на проектот дека дискотеката во Кочани исполнува услови за лиценца
Од сношти во притвор е човекот кој ставил потпис на проектот, според кој, дискотеката ги исполнува сите потребни услови за лиценца за работа. Се сомничи за тешки дела против општата сигурност.
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде ефикасна и најпрофесионално изведена, мора да се соберат сите докази
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде ефикасна и најпрофесионално изведена, мора да се соберат сите докази