Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто, како што извести партијата, се разговарало за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 луѓе.

Со едноминутно молчење членовите на највисокиот орган на СДСМ оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани и изразија сочувство со болката и тагата на нивните семејства.

 

„Заклучок на Централниот одбор на СДСМ е дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно и е насочена само кон минатото, само кон поранешни функционери и лужбеници додека воопшто не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата.

Селективноста не е правда туку неправда и ја продлабочува недовербата на граѓаните во институциите и во правосудството. Имајќи ја предвид сериозноста на трагедијата и тешките последници со огромен број жртви и повредени, недозволиво е да води истргата на селективен начин“, велат од СДСМ.

СДСМ инсистира на неселективна, независна и темелна истрага во која сите ќе одговараат согласно законите. На било каква селеквтивност, штитење на актуелни функционери, на поединци блиски до власта СДСМ ќе се спротивстави. Пред законот сите мора да бидат еднакви.

Во оваа насока СДСМ ќе ги искористи сите институционални и демократски механизми, вклучително и во македонското Собрание, преку Анкетна комисија во соодветен момент, за утврдување на фактите, но и политичката одговорност за трагедијата којашто се случи во Кочани.

Во однос на внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ, кои беа одложени поради трагедијата во Кочани, Централниот одбор донесе одлука да се одржат на 6-ти април.

globe

Слични новости

Закрепнаа 93 пациенти од пожарот во Кочани, уште 100 се на лекување во земјава и во странство

Закрепнаа 93 пациенти од пожарот во Кочани, уште 100 се на лекување во земјава и во странство

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување. Во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти, а подобрена е состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба, информира утрово министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари: Oдносот со премиерот е сосема коректен

Таравари: Oдносот со премиерот е сосема коректен

Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН Арбен таравари синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ искажа јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата