Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото е и донесување на одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.  

Во трка за нов шеф на скопското ОЈО се петмина кандидати, меѓу кои и досегашниот прв човек на ова обвинителство Гаврил Бубевски, поранешен член на СЈО кое се распушти поради корумпираност, а во ЈО има предмет и за бонусите делени во СЈО во милионски износи, поради што во судир со екс ЈО, Коцевски, дојдоа вишите обвинители Хајрулахи и Цветановски.

Освен Бубевски, кандидати на шеф на ОЈО Скопје се и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.

 

Слични новости

Бројот на заболени од грип се намалува

Бројот на заболени од грип се намалува

Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Одложен е состанокот во Брисел на кој камионџиите во регионот и ЕК требаше да изнајдат начин за решавање на проблемите на професионалните возачи, откако стапија во сила новите правила за престој во Шенген зоната.