СДСМ преку соопштение упати остри критики кон владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, обвинувајќи ги дека ја држат државата изолирана од европските интеграции заради, како што наведуваат, заштита на криминални интереси.

Во партиското соопштение, од СДСМ велат дека „најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија се наоѓа токму во нивните редови“, посочувајќи дека дел од функционерите на власта поседуваат бугарски пасоши.

„Тие не се бугарофили. Тие се Бугари со македонско државјанство кои ја користат државата за свои лични интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ. Од партијата тврдат дека власта не сака да ги внесе малцинствата во Уставот за да продолжи евроинтегративниот процес, бидејќи, според нив, им одговара „изолирана, слаба и корумпирана Македонија“.

 

Слични новости

Пожарот во Визбегово е сеуште активен

Пожарот во Визбегово е сеуште активен

Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.