Христијан Мицкоски секојдневно ги лаже граѓаните дека владата нешто следи и вели дека нема потреба да се преземат мерки. Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти. И тоа се случи, се наведува во соопштението од СДСМ.

Поскапува лебот, веќе се поскапени зејтинот, јајцата, млекото, пиперките, доматите, овошјето….Поскапувањата се од 5% па се до 300% кај овошјето и зеленчукот.Граѓаните веќе едвај врзуваат крај со крај. Секое одење во маркет е нов шок.

Сега ниту 600 евра не се доволни за граѓаните да ја надминат кризата, а сегашното минорно зголемување на миналната плата од 1.667 денари нема вредност. Со покачувањето на платите граѓаните може да купат 2 килограми домати, 2 килограми краставици, табла јајца и 4 литри бензин. Тоа е се, наведува во соопштението СДСМ.

 

Слични новости

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.