Опозицискиот СДСМ обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски не презема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, додека трошоците за живот и цените продолжуваат да растат.
Во соопштение до јавноста, партијата наведува дека октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со трошоците за кирија достигнува речиси 90.000 денари. Според СДСМ, од почетокот на годината трошоците за живот се зголемиле за 4.000 денари, додека минималната плата останува 26.000 денари.
Од партијата тврдат дека околу 180.000 работници примаат плата пониска од 31.200 денари месечно и дека ниту три минимални плати не се доволни за покривање на основните трошоци на едно семејство.
Слични новости
Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија
Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени
Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Софија
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Од денеска горивата поскапи, синоќа гужви на бензинските пумпи
Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.


