СДСМ реагира на начинот на кој премиерот Христијан Мицкоски ја претставува посетата на САД, оценувајќи дека неформалниот разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио во ходник не може да се претставува како официјална средба на високо политичко ниво.

Од СДСМ велат дека како најголем резултат од посетата се претставува грант од пет милиони долари за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке и Крива Паланка, додека разговорот со Рубио, според партијата, е претставен како средба на „ултра високо политичко ниво“.

„Средба од тој ранг се води во кабинет, во сала, со агенда и записник. Не во ходник. Не раскопчан. Не без вратоврска. Не со раце во џебови“, велат од СДСМ, критикувајќи го протоколот и начинот на кој е претставена средбата.

 

Слични новости

МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова

МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова

„Овој упад кој што е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши“ порача премиерот Мицкоски и додаде дека не смее да бидеме жртва на емотивни реакции.