Како што зборуваме веќе со месеци, Мицкоски прави copy-paste на сè што Вучиќ и сестринската партија СНС го прават во Србија, соопшти СДСМ.

Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник.

Стоилковиќ во Македонија отворено работи на кинеската и руската агенда. Навредува пратеници во Собранието, го велича Ратко Младиќ.

Се е дел од иста кампања. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија, соопштува СДСМ.

 

Слични новости

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.