Утре ќе биде познато новото раководство на СДСМ, најави партискиот лидер Венко Филипче. На негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство.
Филипче вчера во изјава за централниот дневник на „Сител“ рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и дека тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе.
„Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри“, изјави Филипче додавајќи дека отвараат широк фронт со граѓаните, политичките чинители и граѓанскиот сектор за да се стави крај, на како што рече, криминалната власт.
Слични новости
СДСМ ја претстави новата платформа против корупција М.И.Ц.К.О.
Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот -Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал или скратено МИЦКО
Парламентот формално го утврди престанокот на функцијата на Љупчо Коцевски
Откако државниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе неотповиклива оставка, Собранието нема да го разгледува предлогот за разрешување на јавниот обвинител, информираше собранискиот спикер Африм Гаши.
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Собранието денеска треба да ја одржи 76. седница, на чиј дневен ред се Предлог за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата Јавен обвинител на Република Македонија и Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против налегалната миграција


