Утре ќе биде познато новото раководство на СДСМ, најави партискиот лидер Венко Филипче. На негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство.
Филипче вчера во изјава за централниот дневник на „Сител“ рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и дека тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе.
„Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри“, изјави Филипче додавајќи дека отвараат широк фронт со граѓаните, политичките чинители и граѓанскиот сектор за да се стави крај, на како што рече, криминалната власт.
Слични новости
Две лица опфатени со истрагата за свирепо убиство на жена во Гостивар
Осомничениот и осомничената, како соизвршители, во гостиварско Неготино, на свиреп начин ја лишиле од живот Хава Азизи од селото Здуње
Скопје се гуши во загаден воздух
Утрово Скопје се гуши во загаден воздух. Според мерењата на швајцарската апликација Ај Кју Ер загаденоста на воздухот утрово во главниот град е со коефициент 102 и во категоријата нездрав.
Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ, избрани и нови членови на ИО
Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ на седницата на Централниот одбор на СДСМ во вторникот вечерта.


