Утре ќе биде познато новото раководство на СДСМ, најави партискиот лидер Венко Филипче. На негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство.
Филипче вчера во изјава за централниот дневник на „Сител“ рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и дека тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе.
„Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри“, изјави Филипче додавајќи дека отвараат широк фронт со граѓаните, политичките чинители и граѓанскиот сектор за да се стави крај, на како што рече, криминалната власт.
Слични новости
Скопје се гуши во загаден воздух
Утрово Скопје се гуши во загаден воздух. Според мерењата на швајцарската апликација Ај Кју Ер загаденоста на воздухот утрово во главниот град е со коефициент 102 и во категоријата нездрав.
Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ, избрани и нови членови на ИО
Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ на седницата на Централниот одбор на СДСМ во вторникот вечерта.
Агелер: Без разлика на преговорите за членство во ЕУ, реформите треба да продолжат
Без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план. Тоа го порача вечерва американската амбасадорка во државава Анџела Агелер, зборувајќи за македонските евроинтеграции во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител


