Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна ниту случајна, соопшти СДСМ, оценувајќи дека станува збор за опасен обид за директен удар врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата.
Од опозициската партија прашуваат зошто ваква резолуција се носи токму сега, во момент кога, како што велат, сè повеќе информации и докази излегуваат во јавноста за договор кој со месеци е предмет на интерес на британските медиуми, но и на домашната јавност.
„Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна расправа за една крупна и важна тема. Тема за која не зборува само опозицијата, туку и релевантни странски медиуми, како и официјални претставници“, се наведува во соопштението.
Според СДСМ, секојдневно се појавуваат нови информации поврзани со договорот со Велика Британија, а дополнителна потврда, како што тврдат, дошла и од редовите на самата Влада. Како пример го наведуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој јавно потврдил дека голем инфраструктурен проект е дел од поширок меѓународен договор со Британија.
„Граѓаните одамна знаат што значи тоа. Со што е врзан овој договор? Што треба Македонија да прифати за возврат за 6 милијарди евра кредити? Одговорот е јасен за сите“, велат од СДСМ.
Партијата оценува дека токму поради овие прашања се носат, како што велат, неуставни резолуции, со цел да се воведе забрана за говор, да се замолчи опозицијата и јавноста да се држи во страв.
„Ова е обид да се забрани дебата за вистината која веќе е позната. СДСМ, заедно со граѓаните, ќе се спротивстави на ова опасно сценарио и ќе се бори за правда, демократија и слобода на говор“, се наведува во соопштението.
Слични новости
Во Македонија еден од пет луѓе користат алатки на вештачка интелигенција
Во Македонија еден од пет луѓе, или 22% на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција. Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование.
Во Скопје и натаму се дише загаден воздух
Системско управување со отпадот и проширување на топловодната мрежа, би можеле значително да го намалат проблемот, особено сега кога парното е под државна контрола.
Советот на јавни обвинители треба да назначи вршител на должност на местото на Коцевски
Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да определи вршител на должноста јавен обвинител откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во вторникот си поднесе неотповиклива оставка


